Најголемата германска банка Дојче банка регистрира загуби од 92 милиона евра во третиот квартал поради високите правни трошоци, ускладувањето со новите прописи и настојувањето да се ослободи од ризични инвестиции.
Банката соопшти дека финансискиот директор Штефан Краузе ќе премине на друго место, каде ќе биде задолжен за стратегија,а на негово место ќе биде назначен поранешниот менаџер на Голдман сакд, Маркус Шенк (48).
Тој ќе биде заменик на финансискиот директор до годишниот состанок во мај идната година кога Краузе ќе премине во одделот за стратегии.
Нето загубите во кварталот се споредуваат со добивката од 51 милион евра во истиот период лани и добивката од 238 милиони евра во вториот квартал.