Јужна Кореја е соочена со огромна количина на електронски отпад, па локалните заедници покренуваат програми за борба против тој проблем.
Јужна Кореја е соочена со голема количина на електронски отпад, т.н. е-отпад. За да се спречи тони стари компјутери, паметни телефони и уреди од кои течат отровни хемикалии да завршат на отпадите, некои локални заедници покренуваат специјализирана програма за рециклирање на е-отпадот.
Во градот Сеул годишно се фрлаат околу 10 тони отпад, од кои една петтина завршуваат во центарот за рециклирање. Тука од стопените уреди се вади скапиот метал како злато, бакар или т.н. ретки земји. Според соопштението на владата таа индустрија носи приход од 3,8 милијарди долари.
Меѓутоа, генералниот директор на центарот Џи Ун-Геун вели дека не се работи само за профитот, туку и за заштитата на животната средина.
– Планетата Земја располага со ограничена количина на природни ресурси. Нашата компанија, со рециклирање придонесува за одржливоста во општеството.
Џи вели дека тука се рециклирааат околу 90 отсто донесени уреди. Меѓутоа, акумулирањето на големи колични на електронски отпад не е само проблем во технолошки развиената Јужна Кореја.
Обединетите нации соопштија дека милиони тони електронски отпад од цел свет завршуваат во земјите во развој. Таму, отровните материи како оловото и живата претставуваат сериозен здравствен проблем. Тоа се коси со меѓународниот договор за забрана на извоз на фрлена електроника.
Од 2009 година владата во Сеул се здружи со Центарот за рециклирање во собирање на е-отпад во јавниот и приватниот сектор.
Жителот на Сеул, Ли Тае-хонг вели дека рециклирањето во ова дигитално време е прашање и на безбедноста. – Ако уреди како телефоните не се рециклираат, можат неовластено да паднат во рацете на земји како Кина или да завршат некаде во југоисточна Азија и од нив да се украдат сите лични податоци.
Иако во посебните центри е ограничена количината за рецилирање на фрлената електроника, според некои групи за заштита на средината тоа не е доволно.
Дигитално образованите Јужнокорејци се повеќе купуваат електроника.
Според Ли Џо-хонг од организацијата Green Consumers Network, просечен Јужнокореец секоја година купува нов мобилен телефон.
– Луѓето често ги менуваат телефоните, делумно и поради тоа што телефонските компании нудат големи попусти за новите модели, а тамошните потрошувачи не сакаат да заостануваат.
Џи Ун-геун од сеулскиот Центар за е-рециклажа се согласува дека тоа е една од големите причини што огромниот број на фрлени мобилни телефони тука постојано се зголемува.
Тој со својот придонес се обидува тоа да го намали.
– Користам ист телефон веќе 10 години. Тоа е мојот придонес кон зачувување на природните ресурси.
Џи смета дека јужнокорејските градови треба да покренат програма за е-рециклирање за да го одржат чекорот со е-отпадот.
Гласот на Америка – Вашингтон