Јужноафриканскиот милијардер, Патрис Мотсепе донирал милион долари во Фондот за борба против вирусот ебола, од кој до сега починаа околу 5.000 лица, соопшти неговата рударска компанија „Африкан рејнбоу минералс“.
-Оваа донација ќе помогне за изградба на центри за лекување, мобилизација на заедницата и координација на акциите за нега- се наведува во соопштението на компанијата.
Како што пренесе „Франс прес“, Мотсепе бил прогласен за најбогат Јужноафриканец во 2012 година, а минатата година најавил дека половина од своето богатство ќе го подари на хуманитарни фондации.
Е. Г.