За надминување на епидемијата на ебола во западна Африка потребни се уште најмалку пет илјади здравствени работници, изјави вчера претседателот на Светска банка, Џим Јон-ким.
Тој ова го изјави на прес-конференција во Адис Абеба, на која учествуваа и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и претседедателот на Африканската унија, Нкосазана Дламини Зума.
Претседателот на СБ изрази загриженост поради тешкотиите околу пронаоѓањето на толкав број на здравствени работници, напоменувајќи дека најголемо влијание има стравот од заболување.