Берлин ќе одобри 500 милиони евра за сириските бегалци

Од:

Германија ќе обезбеди доплинителни 500 милиони евра помош за сириските бегалци, соопшти денеска германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер.

Говорејчи на затворањето на меѓународната конференција во Берлин посветена на проблемот со сириските бегалци, тој нагласи дека средставата ќе бидат обезбедени во следните три години за хуманитарни проекти.

– Меѓународната заедница нема да остави, бегалците сами да се справуваат со своите проблеми, истакна Штајнмајер.

Тој исто така додаде дека поддршката ќе се остварува споре план, со кој ќе бидат опфатени и соседните земји на Сирија, кои во најголем степен беа погодени од последиците на сирискиот конфликтот.

На конференцијата во Берлин учествуваа претставници на околу 40 земји.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани