Непознати сторители се закануваат со ширење на еболата во Чешка

Од:

Чешката полиција презема мерки за откривање на сторители кои на државата и се закануваат со проширување на вирусот на еболата на повеќе јавни места, јави дописникот на МИА од Прага.

На случајот работи Одделението за борба против организираниот криминал (УООЗ) и тим од повеќе квалификувани експерти.

Сторителот или сторителите користат софистицирани комуникациски средства и полицијата засега нема никакви докази.

– Причината дека ова јавно го објавуваме е тоа дека сторителите сакаат од самиот почеток да создадат паника и тоа е нивната главна цел. Ќе направиме се за да ја заштитиме јавноста, изјави полицискиот претставник Здењек Лаубе. Според шефот на УООЗ, Роберт Шлахта, на сторителите за кривично дело изнуда им се заканува казна затвор до 12 години, а за предизвикување општа опасност до осум години.

Обезбедувањето на вирусот, негов транспорт и ефективно ширење на друг начин отколку преку контакт со болниот, според раководителот на Здравствената заштита на населението Владимир Валента е малку реалистична.

– Климатските и хигиенските услови во Чешка, нивото на работа на епидемиолозите и нивото на здравствените установи, во суштина го исклучуваат масовното ширење на еболата, рече Валента.

Чешка, од пред неколку денови воведе вонредни здравствени контроли на аеродромите во државата, за да се спречи ширењето на вирусот на еболата.

Патниците од меѓународните летови, ќе пополнуваат картички, а доколку слетуваат од западна Африка, ги чека здравствен преглед.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица