Демонстрации, организирани од германски крајнодесничарски групи во центарот на западниот град Келн, прераснаа во насилство, пренесоа американските медиуми.
Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ја смири ситуацијата, откако некои од демонстрантите почнаа да фрлаат шишиња и камења врз нивните припадници.
Полицискиот портпарол Андре Фасбендер информира дека не располага со податоци за ранети и уапсени.
на денешниот протест во Келн, свикан за да се изрази протест против исламскиот екстремизам, учествуваа околу 2.000 лица. Настанот го организираа неонацистички групи и фудбалки хулигани.