СЗО: Вонредна ситуација од ебола во Мали по смртта на двегодишно девојче

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ризикот од ебола во Мали го оцени како „вонредна ситуација“, пренесе ТАСС.

Починатото двегодишно девојче, кое било заразено со болеста, можело да ја пренесе врз многу луѓе за време на своето патување низ земјата, затоа што крвавело од носот. Патуваќки со својата баба, таа минала преку пет града, вклучувајќи ја и престолнината Бамако, каде минала два часа, предупредува СЗО.

Девојчето почина вчера, по враќањето во својот роден град Кајес, за време на лекувањето во локалната болница, соопштија британските медиуми.

„Има голема веројатност луѓето да биле изложени на контакт со вирусот, додека детето покажувало очигледни симптоми“, се наведува во соопштението на СЗО.

Здравствените експерти подвлекуваат дека инфицираните стануваат заразени дури откако ќе се покажат симптомите на болеста.

По посетата на соседна Гвинеја, каде присуствувало на погреб, девојчето имало зголемена температура од 39 степени, кашлање, течење крв од носот и зачестено одење во тоалет.

При првичната истрага пронајдени се 43 лица кои дошле во контакт со детето, вклучувајќи и 10 медицински работници. Сите се изолирани.

Во Мали веќе има експертска екипа на СЗО за контрола на инфекциите и логистиката. Организацијата итно испраќа и дополнителна екипа експерти.

Откако случајот и официјално ќе биде потврден од СЗО, Мали ќе стане шестата земја од западна Африка, во која е откриен случај на хеморагична треска. Најмногу жртви има во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне. Во Нигерија и Сенегал епидемијата е прогласена за завршена.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска