Хари Мата Хари ќе ја претставува Босна и Херцеговина на изборот за песна на Евровизијата што ќе се оддржи наредната година во Австрија.
Инаку, тој е најуспешниот евровизиски претставник во историјата на БиХ. Во 2006-та година на натпреварот во Атина го освои високото трето место со настапот со песната „Лејла“.
Песната ја напиша Жељко Јоксимовиќ, кој повторно се споменува како потенцијален соработник и за новата песна. Покрај името на Јоксимовиќ се спомнува и Горан Бреговиќ, Фархудин Пецикоза Пеца и Тони Хуљиќ.