Кошаркарите на Реал Мадрид со поените на Серхио Љуљ постигнати во последната секунда славеа победа на гостувањето кај Уникс Казан во натпревар од 2. коло од Евролигата.
Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски во поразот на Алба кај Уникаха одигра шест минути и постигна пет поени.
Постигнати резултати на натпреварите од 2. коло од Евролигата одиграни во текот на вчерашниот ден: Уникс Казан – Реал Мадрид 75:76, Динамо Сасари – Анадолу Ефес 75:82 , Жалгирис – Нижни Новгород 97:63, Уникаха Малага – АЛБА Берлин 87:84, Лимож – Цедевита 71:60 и Олимпијакос – Лаборал 63:57.
Резултати на натпреварите одиграни во четвртокот: ЦСКА Москва – Макаби 99:80, Баерн – Панатинаикос 81:75, Емпорио Армани – Барселона 63:78, Туров – Фенербахче 76:91, Нептунас – Црвена Звезда 83:81, иГалатасарај – Валенсија 71:64.
Табели по групи:
А група: Анадолу Ефес 2-0 (победи-порази), Реал Мадрид 2-0, Жалгирис 1-1, Нижни Новгород 1-1, Динамо Сасари 0-2 и Уникс Казан 0-2.
Б група: ЦСКА Москва 2-0 (победи-порази), Уникаха Малага 2-0, Макаби 1-1, Лимож 1-1, Алба Берлин 0-2, Цедевита 0-2.
Ц група: Фенербахче 2-0 (победи-порази), Барселона 2-0, Баерн 1-1, Панатинаикос 1-1, Туров 0-2, Армани Милано 0-2.
Д група: Олимпијакос 2-0 (победи-порази), Лаборал 1-1, Црвена Звезда 1-1, Нептунас 1-1, Галатасарај 1-1, Валенсија 0-2.