Едно лице загина, а 10 се повредени во експлозија на гас во Германија

Од:

Едно лице загина, а десет се повредени во експлозија, веројатно на гас, во германскиот град Лудвигсхафен, во провинција Рајнланд-Пфалц, пренесе ТАСС.

Засега нема детали за тоа што точно се случило. Локалната полиција соопшти дека дошло до несреќа при градежни работи околу гасоводната мрежа во станбен кварт.

Една зграда во непосредна близина на експлозијата била зафатена од пламени јазици. Полицијата не прецизира колку лица се наоѓаат во зградата.

Според некои сајтови, експлозијата се случила во самата зграда.

На местото на несреќата веќе интервенираат околу 150 пожарникари.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани