Меркел: Германија е во тесна соработка со САД за неколку меѓународни кризи

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави вчера дека Германија е во „тесно партнерство со САД за неколку кризни ситуации во светот – од епидемијата на ебола до борбата против џихадистичката група Исламска држава“.

Таа пред средбата во Берлин со американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека германското незадоволство по минатогодишниот скандал со прислушувањето на нејзиниот телефон и германските комуникациски мрежи од страна на САД, веќе стивнува.

Меркел освен Украина ги нагласи и четирите „итни“ теми, кои таа и Кери планирае да ги разгледаат – борбата против ИД, иранската нуклаерна програма, епидемијата од ебола и Авганистан.

– Среќна сум што можам да кажам дека ние дејствуваме во тесна соработка и координација со САД, додаде германската канцеларка.

Кери посвети поголемо внимание на украинската криза по разговорот со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

Според него од клучно значање за деескалирање на кризата е „да се гарантира безбедност на руско-украинската граница со помош на технолошки средства, на пример беспилотни летала, и да се повлечат сите оружја и војници од тампон зоната меѓу руските и украинските сили“.

Штајнмајер од своја страна ја нагласи неопходноста од прекин на офанзивата на Исламска држава во Ирак и Сирија. Според него воената соработка треба да минува „рака за рака“ со политичките решенија.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани