Гонзалес: Уморни сме но мора да продолжиме со добрите игри

Од:

Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Вардар на денешната прес конференција рече дека играчите се исцрпени од напорните натпревари и патувања што ги имаа изминатиот период, но додаде дека Вардар мора да го задржи континуитетот на добри игри.

„Црвено-црните“ веќе утре ги очекува дуел од СЕХА лигата против српскиот претставник Раднички.

– Мора да продолжиме вака. Во оваа лига наша цел е пласманот на „фајнл-фор“. Фаворити сме на овој дуел, ама противникот може да биде незгоден. Затоа ќе треба да ги исполниме задачите, а фаворитската улога да ја потврдиме на теренот и покрај големиот умор кај играчите, изјави Гонзалес.

Ова секако ќе биде можност тренерот Раул Гонзалез да им даде шанса и на другите играчи кои имаат помала минутажа во Лигата на шампионите. Стефан Терзиќ е еден од тие ракометари.

– Раднички знае да биде незгоден ривал, често го менува начинот на одбрана. Но, се знае ние мораме да победиме, бидејќи ние сме фаворити. Уморни сме, но добро е што играме на домашен терен во оваа ситуација, потенцира Терзиќ.

Натпреварот Вардар – Раднички се игра утревечер во 20 часот и 15 минути во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност