Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Братислава изјави дека сојузниците треба да му помогнат на Киев да го плати долгот за гас кон Русија.
Словачкиот премиер Роберт Фицо, на заедничката прес-конференција со Меркел, истакна дека е против давање финансиска помош на Украина.
– Секој треба да даде свој придонес, Словачка исто така. Сега барам решение, кое се уште го немаме, а зимата веќе доаѓа, посочи Меркел.
Киев и Евроската унија сакаат утре во Брисел да биде потпишан договор со Русија за доставата на руски гас за Украина и за транзитот преку Европа.