Откако припадниците на Исламска држава (ИС) декапитираа неколку американски и британски новинари и хуманитарци за да испратат порака на Западот, таа група, на власт во северен Ирак и Сирија, објави 11 насоки за работа на новинарите на тие региони. Како што се наведува во правилата, тие кои нема да ги почитуваа насоките ќе бидат санкционирани. Не се наведува на кон начин, но тоа не е тешко да се претпостави.
1. Сите новинари мора да положат заклетва на калифатот Абу Бакр ал Багдади. Тие се поданици на ИС и како такви мора да бидат лојални на својот имам.
2. Нивната работа е под исклучителна контрола на кабинетот за медиуми на ИС.
3. Новинарите можат директно да работат со меѓународните новински агенции како Ројтерс, АФП, АП… но не и со меѓународните и локални сателитски ТВ канали. Забрането им е да доставуваат ексклузивен материјал и да имаат каков било контакт со него, тон или слика.
4. Забрането им е да работат со ТВ канали кои се на црна листа поради борбата против ИС (Ал Арабија, Ал Џезира).
5. Не смеат да покриваат настани на терен без јавување во кабинетот за медиуми на ИС. Сите објавени написи и фотографии мора да бидат потпишани со името на новинарот или снимателот.
6. Не смеат да имаат профили на социјалните мрежи и блогови на кои објавуваат фотографии и вести. Но, медиумските институции на ИС мора да имаат адреси и имиња на сите профили и страници.
8. Мора да ги почитуваат правилата при фотографирање на територијата на ИС и не смејат да снимаат локации и безбедносни настани на кои тоа е забрането.
9. Кабинетите за медиуми на ИС ќе ја платат работата на локалните новинари на територијата на ИС и во државните медиуми. Кршењето на правилата доведува до суспензија на новинарот и тој ќе биде санкциониран.
10. Правилата не се конечни и се задржува правото на измени во кој било момент, ако се променат околностите, или во врска со соработката на новинарите и нивната лојалност на браќата од ИС од кабинетот за медиуми.
11. Новинарите ќе добијат лиценца за работа откако ќе ја побараат поднесувајќи молба во кабинетот за медиуми на ИС.
Јутарњи лист – Загреб