Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема напредок во разговорие со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на украинската криза.
– Засега не гледам напредок, истакна Меркел откако европските лидери утрово се сретнаа со Путин и со украинскиот претседател Петро Порошенко на маргините на самитот Азија-Европа.
Таа истакна дека ќе продолжат разговорите.
– Има напредок за некои детали, но останува главното прашање за нарушувањето на територијалната целост на Украина, посочи Меркел.
Во Милано денеска почна втората средба меѓу рускиот и украинскиот преседател, на која присуствуваат и Меркел и францускиот претседател.
Портпаролот на рускиот претседател Путина, Дмитриј Песков истакна дека на четиристраната средба прво ќе се разговара за кризата со гасот меѓу Русија и Украина.
Песков на је исклучи можноста до крајот на денот да има билатерална средба меѓу Путин и Порошенко.