Германската полиција уапси еден педијатар од Аугзбург под сомнеж дека во Минхен, Аугзбург и Хановер сексуално злоставувал момчиња на возраст од четири до седум години.
Според германските медиуми, 39-годишниот лекар сексуално ги злоставувал момчињата или се самозадоволувал пред нив.
Во Германија најпознат случај на педофилија е поранешниот пратеник во Бундестагот, социјалдемократот Себастијан Едати, обвинет дека поседувал фотографии со детска порнографија. Тој изјави дека не е педофил.