Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска пред пратениците во Бундестагот дека санкциите против Русија поради кризата во Украина се неопходни, но оти тие не го исклучуваат дијалогот со Москва.
Говорејќи пред почетокот на Азиско-европскиот форум во Милано, каде таа и другите европски лидери ќе се состанат со рускиот претседател Владимир Путин прв пат во изминатите месеци, Меркел ја означи ситуацијата во Украина како мошне тешка.
Таа истакна и дека кризата во еврозоната се уште не е решена и нагласи дека членовите на Еврогрупата треба да ги почитуваат фискалните права за да гарантираат стабилен раст.