Светот ја губи битката со еболата и не успева да го запре ширењето на оваа епидемија, предупреди синоќа високиот претставник на ОН на седницата на Советот за безбедност за епидемијата.
– Еболата има голема предност во однос на нас, рече Ентон Банбери, шеф на мисијата на ОН задолжен за координација на итниот одговор на епидемијата на ебола.
Банбери рече дека глобалниот одговор на еболата мора да ги исполни зацртаните цели до 1 декември за да обезбеди 7.000 кревети за лекување и 500 посебно опремени тимови за погребување, но светот ќе се соочи со „ситуација без преседан, за чие решавање немаме план“.
Банбери рече дека сега на располагање се околу 4.300 кревети за заболени, а нема доволно персонал да ги негуваат.
Според последната проценка на СЗО, се очекува до декември во Западна Африка неделно да се регистрираат меѓу 5.000 и 10.000 нови случаи на зараза од ебола.
Според проценката на СЗО, новиот биланс на светско ниво е 4.447 починати и 8.914 заболени, речиси само во Западна Африка.