Џејмс Флоренс од екипата на Задар е најкорисниот кошаркар во третото коло на регионалната АБА лига.
25-годишниот Американецот во победата над Левски оствари индекс на успешност 31, со ефект од 30 поени, пет асистенции, четири украдени топки и скокови.
Само еден индексен поен од МВП признанието го делеше Никола Јокиќ од Мега Визура.
Во ТОП 5 за 3.коло се најдоа и Бобан Марјановиќ од Црвена Звезда (25 инд. поени), Малком Реј од Крка (24) и Ненад Миљеновиќ од Мега Визура (24).