Технома, Транспорт и логистика и Макинова на Скопски саем

Од:

Околу 400 домашни и странски компании ќе се претстават на 40. издание на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома  2014,што почнува денеска, а ќе трае до 18-ти овој месец.  Истовремено ќе се одржат и  специјализираната саемска манифестација Транспорт и логистика, 15. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации – Макинова.

Во фокусот на Технома 2014 година ќе биде енергетиката, а ќе бидат претставени најновите достигнувања во областа на технологијата и меѓународната размена. Најавени се организирани национални претставувања. На свои штандови ќе се претстават 15 компании  од Унгарија и девет од Австрија.

Третото издание на Саемот за транспорт и логистика, пак, ќе обедини над 20-ина големи домашни и странски компании, пристаништа, железници, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта, производители на транспортни возила и системи. На внатрешен изложбен простор од 1.500 метри квадратни во Метрополис арената на Скопски саем ќе се претстават транспортни и логистички компании и асоцијации од Македонија, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Словенија, Грција и Албанија.  Меѓу пријавените се Македонски железници Транспорт, албанското пристаниште Драч, шпедитерските и логистичките фирми „Фершпед“, Quehenberger Logistics, Blue Bell Maritime, MSC,  Сигма логистик, Транслог, Викторија шпед. Од транспортните асоцијации се претставува СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ која и годинава е партнер на манифестацијата, а чии членки ќе изложуваат и самостојно. На надворешниот изложбен простор на површина од 700 метри квадратни е најавено претставување на импортерите на товарни возила Cargomax-Iveco, ДМ Транс, MAN Импортер Македонија и Олимпија Моторс.

На изложбата на пронајдоци, според најавите од Скопски саем, македонските иноватори ќе се претстават со 76 иновативни решенија од различни области. Ќе бидат претставени и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија. Организатор е Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија.  Ќе се одржат и работилници со едукативен и иформативен карактер за начините за заштита на идустриската сопственост, но и за можоста за финансирање на пронајдоците и иновациите на македонските иноватори од домашни фондови и за можностите за аплицирање на проекти во меѓународните фондови.

Комората на занаетчии од Скопје ќе ги претстави компаниите кои се занимават со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот за искористување соларна енергија.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска