Вардарци домаќини на германскиот Рај Некар Ловен во ЛШ

Од:

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Рај Некар Ловен во дуел од Лигата на шампиони.

Во дуел од 3. коло на ракометната Лига на шампиони, македонскиот вице-првак Вардар вечерва од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе игра против лидерот во германската Бундес лига, Рај Некар Ловен.

Во таборот на црвено-црните владее умерен оптимизам, пред се поради квалитетот на противникот, за кој тренерот Раул Гонзалес предупредува – Екипата на Рајн Некар е одличен тим. Ова ќе биде тежок натпревар затоа што се соочуваме со лидерот во Бундес германската лига кои имаа осум победи и само еден пораз. Тие се многу добар тим кој особено добро игра во одбраната, предводени од еден од најдобрите голмани во светот Ландин.

Покрај овој натпревар, денеска од Ц групата се игра и средбата Вестпрем – Монпеље.

Во групата А, во кој вчера Металуг загуби на гостувањето кај ППД Загреб, денеска се игра натпреварот меѓу П.С.Ж. и шпанската Ла Риоха,.

Кирил Лазаров со Барселона се домаќини на Бешикташ во дуел од Б група и во групата Д ќе се одиграат два натпревари, Алборг – ПИК Сегед и Киелце – Мотор Запорожје.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност