ОН: Исламистите во Сомалија се финансираат со илегален извоз на јаглен

Од:

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб за една година заработила повеќе десетици милиони долари со илегален извоз на јаглен од Сомалија, соопшти Групата за мониторинг, која го следи почитувањето на санкциите на ОН воведени кон Сомалија и Еритреја.

Групата регистриала најмалку 161 пловен објакт со кои во периодот од јуни 2013 до мај 2014 година бил извезуван јаглен од сириските пристаништа Кисмајо и Бараве, со што се кршат санкциите на ОН.

– Вкупната вредност на извезениот јаглен на меѓународните пазари меѓу 2013 и 2014 година може да се процени на најмалку 250 милиони долари. Оваа сума може да е и поголема, бидејќи е можно да не биле регисрирани сите испораки, се вели во годишниот извештај на Групата.

Според Групата, бродовите со јаглен од Сомалија во најголем дел завршувале во пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, Оман и Кувајт.

Советот за безбедност на ОН во февруари 2012 година забрани извоз на јаглен од Сомалија, со цел да го спрчи приловот на средства за финансирање на групата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда. Ал Шабаб веќе неколку години се бори за преземање на власта во Сомалија и во реоните под нејзина контрола спроведува строги шеријатски правила.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија