Автобиографијата на Кол преполна со остри критики и забелешки за неговите колеги

Од:

Автобиографијата на Хелмут Кол, што во вторникот беше пуштена во продажба, ги открива неговите остри забелешки за поранешните политички пријатели и го нарушува неговиот имиџ на татко на германското обединенување, кој изгледа разочаран по своето повлекување од политичкиот живот.

„Госпоѓа Меркел не можеше да се служи со нож и вилушка“. Оваа забелешка се однесува за почетокот на политичката кариера на моментно највлијателната жена во светот, која била откритие на Хелмут Кол и на која тој и го дал прекарот „девојчето“.

Тоа е цитат од книгата „Завет – протоколите на Хелмут Кол“, напишана од новинарот Херберт Шван во коавторство со Тилман Јенс.

Книгата предизвика дебата во Германија за вистинското лице на поранешниот канцелар, во момент кога земјата се подготвува за  одбележување на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Хелмут Кол самиот го избра Шван да учествува во пишувањето на неговите мемоари. Меѓу март 2001 и октомври 2002 година двајцата минаа 600 часа во разговори, запишани на диктофон. Проектот, меѓутоа, беше прекинат во 2009 година.

„Средување на сметките“, е насловот на статијата во списанието „Шпигел“ и подвлекува дека никогаш пред тоа поранешниот канцелар не разговарал така отворено со некој новинар.

– Досега се знаеше дека Кол може да биде злопамтило, но разговорите (меѓу него и новинарот) покажуваат дека тој не заборавил ниту еден знак на омраза, ниту едно понижување за време на својата кариера, оценува „Шпигел“.

Во времето кога го дал ова интервју Кол веќе беше повлечен од политичкиот живот, а имиџот му беше начнат од загубените избори во 1998 година и од скандалот со тајните фондови на неговата партија ЦДУ.

Според списанието „Фокус“, адвокатите на поранешниот канцелар сакале да се забрани издавањето на „Заветот“.

Во вторникот, началникот на правниот оддел на издавачот Рајнер Дресен соопшти дека добил писмо од адвокатите на Кол, но прецизира дека тоа немало никаква правна вредност.

Шван беше критикуван дека ги искористил снимените интервјуа со Кол, иако тие не му припаѓаат.

Одлуката на судот во Келн утврдува дека новинарот треба материјалите да му ги врати на поранешниот канцелар.

На прес-конференција во Берлин, авторите ја правдаа својата постапка. – Никогаш не сум ја прифатил обврската да молчам, рече Шван.

Според правниот експерт на книгоиздателството, келнскиот суд одлучува за материјалната сопственост на записите, а не и за нивното користење.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани