Дваесет и три лица повредени при судири во северниот дел на Германија

Од:

При судири на членови на курдската и заедницата на Јазидите со исламистички активисти синоќа во северниот дел на Германија беа повредени најмалку 23 лица во Хамбург и Целе.

Во Хамбург судирите започнаа по мирните протести на курдското малцинство во градот против масакрот на групата Исламска држава (ИД) во сирискиот град Кобане.

По протестот околу 75 демонстранти се упатиле кон џамија, околку која се собрале речиси 50 исламистички активисти. На почетокот полицијата успеала да ги контролира двете групи, но потоа им се приклучиле и други и нивниот број достигнал 400 лица.

Во текот на ноќта двете групи се судриле, вооружени со стапови и ладно оружје, при што 14 лица биле повредени, од кои четворица потешко.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите со водени топови, а немирите завршиле со апсење на 22 лица, соопшти полицијата во Хамбург.

Во Целе се судриле припадници на малцинството Јазиди и чеченски исламисти, при што биле повредени девет луѓе, меѓу кои и четворица полицајци.

Во Турција вчера загинаа најмалку 14 лица за време на протестите на Курди против одбивањето на Владата да интервенира во Сирија. 

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани