Најмалку еден член на Мировната мисија на ОН загина синоќа во рекетен напад врз воен камп на Франција и Светската организација во градот Кидал во северниот дел на Мали, соопшти меѓународната мисија МИНУСМА.
Портпаролот на МИНУСМА, Оливие Салгадо, изјави дека врз кампот биле истрелани меѓу шест и осум ракети.
Нападот е извршен неколку дена откако девет војници на ОН од Нигер, загинаа во североисточниот дел на земјата, во напад на група вооружени мажи на мотори.