Шиитската група Хезболах соопшти дека нејзини борци го активирале експлозивното средство на либанската граница, при што беа повредени двајца израелски војници.
По првпат Хезболах презема одговорност за напад врз израелската армија по 2006 година, кога групата и Израел водеа 33-дневна војна.
Двајца израелски војници беа повредени денеска кога бомба експлодирала во нивна близина на границата со Либан во регионот Хар Дов, соопшти израелски воен портпарол.
На војниците им е укажана итна медицинска помош по што биле хоспитализирани. Либански медиуми јавуваат дека Израел возвратил на огнот на јужен Либан по експлозијата. Инцидентот се случил откако израелски војници отвориле оган на група луѓе кои се обиделе да се уфрлат од Либан во Израел во неделата.