Мигрантите се успешни претприемачи во Германија

Од:

За претприемачите со странско потекло во Германија постојат предрасуди. Една студија негира многу клишеа, но и покажува дека новите претприемачи мигранти почесто се откажуваат од почнатиот бизнис.

Една студија изработена по налог на Фондацијата Фридрих Еберт ФЕС, покажа дека фирмите кои ги основале странци не настанале само од потреба. Економската корист од фирмите на мигрантите расте. Околу три четвртини милиони самостојни директори со странско потекло во Германија создаваат голем број на работни места, според проценка на студијата околу 2,2 милиони.

– Фирмите кои се основани од мигранти се потценуваат во поголем дел – резимира Рене Лихт од Универзитетот во Манхеим.

Тој е коавтор на студијата и во повеќе наврати анкетираше неколку илјади директори кои потекнуваат од разни земји.

Бројот на мигрантите кои деловно се осамостоиле во Германија од 1990 година речиси двојно е поголем. Секој шести директор во Германија со странско потекло повеќето се од Полска и Турција. – Ако не постојат фирми кои ги основале мигранти, во некои места би се појавил проблем со доставата – се наведува и во еден извештај на германското Министерство за стопанство.

Поголемо образование

Меѓутоа, мигрантите не отвораат само киосци и супермаркети. Тие се повеќе се школуваат и поради тоа се помалку ги има во секторот за едноставни услуги. – Секој четврти директор со странско потекло во својот обрт нуди стручни и модерни услуги. Инжинери, архитекти, преведувачи, културни работници, но и лицата кои работат во медиумите играат важна улога, вели Лихт. Подрачјата како што се гастрономијата и трговијата, претставуваат само една третина од вкупното претприемаштво на мигрантите, се наведува во студијата.

Лихт вели дека една од причините за тоа е фактот дека на пазарот на разновидна понуда, се повеќе добива на значење. Речиси повеќе и нема резервирани подрачја: така се зголемува бројот на источно Европјаните кои отвораат пицерии, конкуренцијата на продавници во кои се продаваат кебапи е огромна. Поради тоа се поважно е етничкото знаење, како што на пример е познавање на јазикот или практично искуство на домашните пазари, што многумина ги доведува до необични деловни идеи, наведува Германската банка за обнова и развој KFW во еден извештај од август.

Финансиски проблеми

Меѓутоа, постојат и проблеми. Бројот на мигрантите кои имаат проблеми со финансирање на своите деловни идеи, според резултатите на горенаведените студии, во 2013 во однос на претходната година се намалил на 25 отсто. Но, мигрантите, ако се земе германскиот просек, имаат почести финансиски проблеми. И процентот на тие кои се откажуваат од покренатиот бизнис меѓу мигрантите е повисок 39 отсто, во однос на просекот кој се движи околу 30 отсто. Причината често е таа што во меѓувреме добиваат поатрактивна понуда за работа.

Во студијата се наведува дека факторот кој влијае на откажување од покренатиот бизнис е тој што мигрантите го почнуваат уште како многу млади и често невработени.

Студијата FES противречи на едно клише, имено дека компаниите на мигрантите преживуваат само благодарение на способноста на самоискористувањето и неплатениот труд кој го вложуваат членовите на семејството. – Тоа не е типично за мигрантите. Исто така се однесуваат и домашните фирми кои работат во бранши во кои конкуренцијата е силна – се наведува во студијата.

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани