Дизелот поевтинува за еден денар

Од:

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со оваа одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 1,09, односно за 0,84 отсто.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 64,5 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) ќе се продава за 53,5 денари за литар. Малопродажнат цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 останува 77 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,091 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М1 НС кој сега ќе чини 38,752 денари за килограм.

Како причина за поевтинување на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,91 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период и за 1,68 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95