Сомалиската војска освои клучно пристаниште од исламистит на Ал Шабаб

Од:

Сомалиската војска поддржана од силите на Африканската Унија, стационирани во оваа земја, го освои стратешки важното пристаниште Бараве, што досега беше во рацете на милитантната исламистичка група Ал Шабаб.

Бараве се наоѓа на 200 километри јужно од главниот град Могадишу и шест години беше под контрола на ислмистичката група, користејќи го како своја воена база за терористичките напади кон главниот град и кон дригите делови од земјата и соседството.

Жители на Бареве им изјавиле на репортерите кои се пробиле до овој град дека исламистите почнале да се повлекуваат уште од петокот.

Ал Шабаб е исламистичка милитантна група за која се верува дека има околу пет илјади припадници.

Групата, која е дел од терористичката мрежа на Ал Каеда во Африка, војува со сомалиската војска во обидот да ја преземе власта во Могадишу и да создаде ислмистичка држава, која ќе се управува според тврдите одредби на шеријатското право.

Минатата недела една млада жена беше јавно каменувана до смрт, обвинета дека извршила прељуба.

Групата Ал Шабаб има извршено низа терористички напади во Сомалија, како и во регионот на Рогот на Африка, а посебно во соседна Кенија.

Изминатите месеци оваа исламистичка група има загубено неколку градови во земјата, но и понатаму под своја контрола има широка територија, посебно во руралните делови на Сомалија.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија