На интернет се појави разговор помеѓу Сергеј Власенко, адвокатот на некогашната премиерка Јулија Тимошенко и германскиот лекар Олге Вибер, во која станува збор за продажба на органи од млади војници во германска клиника.
Во записот постои дури конкретна нарачка за 17 срца, 50 бубрези и пет бели дробови. Она што е особено застрашувачки е тоа што во дописот е упатена молба органите да се земаат од живи, а не мртви луѓе, бидејќи на тој начин робата не е квалитетна.
Постоењето на црниот пазар за внатрешни органи во Европа и Америка веќе одамна се става на сметка, а масовните гробници на подрачјето на Донбас со тела од кои се извадени вителните органи, само го потврдуваат ова сознание.
Доволно е да се погледнат огласи на локалните портали во кои донаторите се бараат меѓу социјално загрозеното население. Во тек на воените операција во Киев, при транспорт на остатоците од војниците се испостави дека дел од нив се без внатрешните органи.
Инаку во Донбас кој порано беше рударски крај во Украина сега се вршат други ископувања. Неколку недели по потпишување на договорот за примирје помеѓу Киев и проруските сили, беа пронајдени неколку масовни гробници со повеќе од 400 лешеви.
Е. Г.