Велика Британија соопшти дека ќе одобри 160 милиони евра за помош на Сиера Леоне во борбата против вирусот на ебола, најавено е на конференција во Лондон на која учествуваа министри, дипломати и санитарни власти од 20 држави.
Овие 160 милиони евра ќе бидат наменети за логистичка помош, а посебно за снабдување на болниците со околу 700 кревети, како и за финансирање на новите центри за лекување на заразените од овој вирус.
Според податоците на Светската здравствена организација, во Либерија недостасуваат околу 1.500 кревети, а 450 во Сиера Леоне.
Од вирусот на ебола во Сиера Леоне досега починаа 622 лица, а повеќе од 2.300 се заразени.
Според податоците на СЗО, во четирите африкански држави – Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сенегал, регистрирани се 7.178 заболени и 3.338 починати.