Најмалку 3.700 деца во западна Африка останаа без еден или двајцата родители кои починале од ебола, а роднините одбиваат да ги прифатат поради страв од заразата, соопшти УНИЦЕФ.
– Сирачињата често ги прифаќа некој од членовите на поширокото семејство, но во некои заедници стравот од еболата е посилен од семејните врски. Бројот на сирачиња во регионот би можел двојно да се зголеми до половината на месецот, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ за западна и централна Африка, Мануел Фонтаине.
УНИЦЕФ планира да ангажира повеќе од 25.000 преживеани од Сиера Леоне, кои сега се имуни на вирусот, да се грижат за децата во карантин.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, над 3.100 луѓе досега починаа од ебола, а заразени се повеќе од 6.500.