Американската армија во следните неколку недели ќе испрати околу 1.400 војници во Либерија во рамките на напорите на Вашингтон да помогне на земјата за справување со епидемијата на eбола.
Војниците ќе бидат распоредени во главниот град Монровија кон крајот на октомври.
Во Либерија веќе се наоѓаат околу 200 американски војници, кои се дел од контингент од 3.000 лица за помош за обука на здравствени работници и изградба на болници.