Лидерот на сирискиот Фронт ал Нусра, поврзан со Ал Каеда, Абу Мохамед ал Голани изјави дека воздушните напади на САД и коалицијата во Сирија, нема да донесат победа над џихадистите.
Тој предупреди дека исламистите поради тие напади може да им се спротивстават на западните држави.
Голани во аудио порака ги повика европските и американските граѓани да ги осудат воздушните напади под водство на САД, доколку сакаат да избегнат војна во својата држава, пренесе „Ројтерс“.
-Муслиманите нема само да гледаат како ги бомбардираат нивни синови. Вашите лидери нема да бидат единствените кои што ќе ја платат цената на војната, туку вие ќе ја платите најскапата цена-рече тој.
Е. Г.