Check your privilege (Проверете ги вашите привилегии)

Од:

Внимание! Исламизмот е се поопасен! Луѓе во флуоресценти портокалови елеци шетаат по германските градови – шеријатска полиција. Турски продавници ја кријат ракијата под тезги, мажи носат вештачки бради, додека жените со шепот прашуваат: Дали смеам да носам тетоважа под бурката? Министрите за внатрешни работи на сите германски покраини се обединија во борба против исламистичките струи кои вбризгуваат отров во нашето општество – како што рече министерот во Баварија Јоаким Херман. Порано папата отвораше бутици во Вуперталу, а сега имамот.

Состојбата навистина е сериозна.

Дури и канцеларката се огласи. Како што е познато, Ангела Меркел не зборува многу. Мора нешто да е важно кога таа го прекинува молчењето. – Државата има монол на силата. Никој друг не може да преземе улога на полиција и затоа мора да ги спречеме тие појави во корен. Ќе пресечеме во корен, сериозни зборови. Всушност, се работи за неколку мажи во портокалови елеци со натпис шеријатска полиција, кои шетаа во Вупертал на ул. Неумаркт. За ништо друго не можеме да ги обвиниме.

Но, бидејќи сакаме работата да ја исечеме во корен, министерот за правда на Сојузна република Германија зборува за напад на нашиот начин на живот, шефот на ЦДУ во Бундестагот Волкер Каудер бара забрана за исламистички чувари на објекти, а министерот за внатрешни работи на Баварија… но сето тоа сме го виделе и порано.

Се работи за успешна провокација и идеална прилика и за провокаторите и за испровоцираните. Подобра реклама за германските салафисти не можеа да сонуваат, а ни германските политичари кои сега разгоруваат анти исламистички стравови. Добивка за двете страни. А губитник е разумот.

Присилни бракови, убиства од чест, бурка, шеријат, паралелни општества, антисемитизам? Тоа се зборови кои немило се слушаат во канцелариите за интеграција – пишува ФАЗ и доаѓа до заклучокот: Постојат имигранти кои не се добродојдени. Точно. Тоа важи и за многу Германци. Борбата против германскиот исламизам е борба против паралелни општества? Каква бесмислица. Знаете за што зборувам ако сте го посетиле протестниот камп на имигранти пред Бранденбуршката капија. Министерот на Баварија Херман е вистински паралелен експерт. А сега сериозно: којзнае што навистина се случува во католичките, исклучиво машки здруженија?

Меркел е во право. Државата има монопол на силата, но не и правосуден монопол на решавање на сите спорови. Луѓето доброволно се подвргнуваат на многу правила во црквите, партиите, здруженијата кои не се во надлежност на државата. Има дури и такви кои доброволно се во Социјалдемократската партија на Германија.

Кога се работи за веродостојноста на нашите проценки на ризик, новинарот Хералд Мартенсен за тоа пишуваше пред неколку години: Статистички гледано, во земја од западниот свет постои далеку поголем ризик дека ќе умрете од гушење на делови од хемиско пенкало, отколку од тероризам. И навистина, во Германија хемиските пенкала годишно однесуваат 300 животи. Кога се работи за жртви, подобро би било да се бориме притив хемиските пенкала отколку против меѓународниот тероризам. Можеби тоа е тема за канцеларката?

– Способноста да разбереме дека нашиот начин на живот, култура или религија не се единствено можни, и да ја откриеме ограниченоста на сопствениот систем на вредности е врвно достигнување на човештвото. Тоа се подразбира, туку мора повторно да се обновува преку учење на цивилизирано однесување, бидејќи може лесно да исчезне.

Овие зборови потекнуваат од израелскиот филозоф и психолог Карло Стренгер. Малку учење на цивилизирано однесување не би шкодело ни на лудите салафисти ни на хистеричните политичари.

Неколку дена подоцна, младата германска новинарка со мароканско потекло Соуниа Шиал, испрати коментар на овој текст:

Ви се восхитувам како на новинар. Без оглед на тоа дали пишувате колумни во Шпигел или се расправате со колегата Николаус Бломе или настапувате на други медиуми, вашите коментари секогаш се бистри и хуманистички настроени.
Но, поради вашата последна колумна јас сум во дилема.

Мислам дека сум ваша колешка во најширока смисла на зборот, бидејќи работам како слободен соработник за WDR и ZDF. Ништо спектакуларно, ако заборавиме дека потекнувам од многу строго муслиманско семејство. Целиот живот како муслиманка се борев против таквите, ако ми дозволите, комплетни идиоти.

Кога и да одев во посета на Мароко морав поинаку да се однесувам и да се облекувам, за да не бидам плукана, нападната или дури и силувана. Во Германија носам нормална европска облека, но во Мароко не можам да излезам од дома без тенок летен покривач, а често ни без бурка, во зависност од тоа каде одам.

Мора да ја разберете шемата според која се живее и која едно општество ја бара и признава. Арапскиот свет како да е паралелен свет кој го забележуваме само ние муслиманките, погледите, изразите на лицата, движењата и шепотењето кое вие не го гледате. Тоа во мене предизвикува нелагодност додека се шетам по мароканските градови.

Ја сакам својата татковина, но не можам таму да живеам, бидејќи таму не сум слободна. Тој свет го прифаќам таков каков што е, бидејќи не можам ништо да променам во северна Африка, зад Средоземното Море.

Сега навредите и притисоците од земјата која ја оставив зад себе, продираат во Германија. Господине Аугстеин, грешите ако мислите дека се работи само за неколку луѓе од Вупертал. Овие момчиња стигнаа и во Дизелдорф. Мене лично тројца од нив ми се обратија со зборовите: Сестро, што чекаш? Зошто не носиш бурка? Ти си муслиманка. Зарем не се срамиш така да шеташ по градот?

Притоа физички толку ми се приближија што буквално бев опколена. Знаете ли како притоа се чувствува една муслиманка? Тоа не може да се опише со зборови; тоа всушност е напад на мојата личност. Физички и психички. Салафистите кон нас муслиманките се однесуваат целосно поинаку отколку кон Германките.

Секако дека има разни муслимани и секако дека не смееме да генерализираме, бидејќи не се сите исти. Па и јас сум муслиманка и приватно и деловно постојано сум во контакт со други муслимани. Можеби затоа сум чувствителна на овие појави.

Не ме сфаќајте погрешно. Мило ми е што се обидувате да спречите можна хистерија. Меѓутоа, во неа се крие и зрно вистина.

И јас сум во дилема. Секако дека оваа акција е свесна провокација, но каде повлекуваме граница? По првото тепање и каменување?

Од сопствено искуство можам да кажам дека со овие луѓе не може да се разговата. Ако некој се најде на единствениот прав пат кон Алах, повеќе ништо не можете да направите. Господине Аугстеин, не сакам да дочекам момент кога во Германија ќе мора да се однесувам како во Мароко.

Тука се чувствувам слободна, заштитена и во секој поглед благословена. Нема да се откажам од ова чувство за ништо на светот.
Срдечен поздрав,
Соња Сиахи

Јакоб Аугстеин веднаш и одговорил:

Драга Соња Сиахи,
Прво да ви се заблагодарам на коментарот. Вознемирен сум од се посилниот анти исламизам во Германија и од увозот на исламско-западниот судир со Блискиот исток. Не би сакал да не принудат да избереме страна. Тоа е пат кон ропство.

Меѓутоа, исто така не би сакал сцените кои ќе се одиграат во еден германски град, а вие велите дека тоа е случај и во други градови, да се разберат како сигнал дека повторно се е загрозено. Многу е опасно постојано да се зборува дека се е загрозено.

Исламска држава? Се е загрозено. Украина? Се е загрозено. Вупертал? Повторно исто.
Тоа не е добро.

Но, секако дека сте во право – за кого пишувам јас и од кој агол? Check your privilege, велат во Америка. Пишувам за автохтона, претежно бела граѓанска читачка публика, која треба да размислува за зачувување на отвореното општество. Старите ресантимани, предрасуди кон странците и другите религии се стари непријатели на отворено општество.

Вие познавате други непријатели, бидејќи доаѓате од друго милје.
Тоа значи дека вие сметате дека се борам против тие кои ги познавам и се жалите дека ги игнорирам вашите непријатели.

Така е тоа кога ќе се најдете во борба каде непријателот доаѓа од повеќе страни, ако можам да се послужам со воена терминологија.
Кое е решението? Не знам.
Многу поздрави,
Јакоб Аугстеин.

Шпигел – Хамбург

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани