Првите денови од подгототовките за новата НБА сезона, се резервирани за фотосесија и маркетинг.
За време на овие НБА маркетинг деновите, кошаркарскиот клуб Атланта Хокс направи интересни фотографии зад сцената, а помеѓу кошаркарите се најде и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.
Антиќ гордо го истакна македонското знаме и позираше со него. А се појави и со перика на главата.
Првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата, Перо Антиќ и неговата Атланта го имаат на 29. октомври 2014 година на гостински терен против Торонто Репторс.