Против џихадистите прв пат користен невидливиот Ф-22

Од:

Пентагон соопшти дека за прв пат во воздушните напади против џихадистите во Сирија е употребено најсофистицираното летало на американскиот воен арсенал, невидливиот ловец бомбардер Ф22 „Раптор“.

-Благодарение на малите трагови кои ги забележуваат радарите овој авион може да изведе напади, а да не биде регистриран. Во ноќните напади употребуваше муниција која што се наведува со системот ГПС-рече генералот Вилијам Мејвил, директор за операции на Заедничкиот штаб.

Инаку коалицијата предводена од САД вчера наутро ги изведе првите воздушни напади врз позициите на екстремистичката организација Исламска држава на север и исток во Сирија, а сириските власти изјавија дека ги поддржуваат сите меѓународни напори во борба против тероризмот.

Во тие напади учестуваат САД и нивните арапски сојузници Бахреин, Катар, Саудиска Арабија, Јордан и Обединетите Арапски Емирати. Мета на нападот е и Фронтот Ал Носра, сириски огранок на терористичката организација Ал Каеда.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија