Во Грција загриженост поради 329 милиони евра недостиг во државните приходи

Од:

Грчкото Министерство за финансии е загрижено поради континуираните недостатоци во државните приходи, кои според буџетските податоци за периодот јануари-август ја  промашиле својата цел за 329 милиони евра, според ажурираниот среднорочен фискален план за 2015-18 година.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, приходите за овој период изнесуваат 32,9 милијарди евра. Недостатокот се припишува на одложување на почетокот на плаќањето на новиот данок на имот (ЕНФИА), како и на очекувањата на  даночните обврзници во врска со новите аранжмани за плаќање на доспеаните долгови.

Грчкото Министерство за финансии соопшти дека и покрј сето ова, примарниот буџетски суфицит во првите осум месеци од годинава изнесува 1,9 милијарди евра, наспроти целта од 926 милиони евра. Тоа најмногу се должи на значителното намалување на основните државни трошоци во висина од 1,2 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит