Бан: Зелениот фонд на ОН собра 2,3 од предвидените 10 милијарди долари

Од:

Зелениот фонд на ОН за борба против климатските промени собрал само 2,3 милијарди долари, соопшти генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, сумирајќи ги резултатите од вчерашната средба на високо ниво посветена на климатските промени.

Оваа сума е далеку од целта, што Фондот ја има поставено, до крајот на годината да собере 10 милијарди долари и по 100 милијарди долари годишно по 2020 година. Средствата се наменети за помош на сиромашните земји за поголемо користење на обновливи извори на енергија и справување со последиците од климатските промени.

Генералниот секретар нагласи дека приватни банки се ангажирале за емитување на зелени обврзници во вредност од 20 милијарди долари и дека компаниите се подготвени двојно да ги зголемат зелените инвестиции до крајот на 2015 година на 82 милијарди долари.

Американскиот претседател Барак Обама за време на средбата за климата повика за склучување на амбициозен договор на конференцијата во Париз кон крајот на 2015 година. Тој истакна дека САД ќе ги исполнат своите обврски преземени во 2005 година за намалување на емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина за 17 проценти до 2020 година. Според Обама, идниот глобален договор за климатски промени треба да ја надмине поделбата на сиромашни и богати земји, што го кочи напредокото на преговорите во ОН.

Обама нагласи дека на средбата со кинескиот вицепремиер Џан Гаоли постигнале согласност дека САД и Кина, двете земји со најголема емисија на штетни гасови, дека имаат одговорност да бидат лидери во борбата со климатските промени.

Францускиот претседател Франсоа Оланд претходно најави дека Париз ќе обезбеди една милијарда долари за Зелениот фонд, што го создадоа ОН во 2009 година за помош на земјите во развој за справување со климатските промени. Германија, исто така, најави една милијарда долари за фондот во јуни годинава

На самитот учествуваа над 120 шефови на држави и влади, како и над 200 компании и многу невладини организации.

Учесниците изразија согласност за зголемување на употребата на обновливи извори на енергија и да се запре уништувањето на дождовните шуми до 2030 година, подобрување на производството на храна и зголемување на уделот на зелени возила за 30 проценти до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска