„Велт“ објави тврдења дека Турција тајно разработува нуклеарно оружје

Од:

Тврдења дека Турција тајно разработува нуклеарно оружје, се појавија во германскиот печат. Во напис на весникот „Велт“, се тврди дека тоа е една од причините поради кои германското разузнавање ја шпионирало Турција.

„Велт“ тврди дека можно е Турција да добила технички податоци, потребни за создавање атомска бомба, од Пакистан.

Според авторот на тесктот, во периодот од 1987 до 2002 година, Турците учествувале во дејностите на пакистанскиот нуклеарен физичар Абдул Кадир Хан за пренесување на илјадници центрифуги во Либија, Иран и Северна Кореја.

Во текстот се тврди дека одлучноста на Анкара да се здобие со нуклеарно оружје била една од причините Германската служба за надворешно разузнавање (БНД) да ја следи Турция.

„Велт“ наведува дека според информации на БНД во 2010 година по налог на Ердоган бил изграден комплекс за збогатување ураниум, како и оти Турција располага со големо количество центрифуги, кои потекнуваат веројатно од Пакистан.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ