Поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон, кого во текот на целата професионална кариера го пратеше имиџот на агресивно и лошо момче, сепак ја покажа и другата своја хумана страна.
Тајсон се нашол во несекојдневна ситуација откако на улиците низ Лас Вегас бил сведок на тешка сообраќајна несреќа во која извесен Рајан Челзи возејќи мотор бил удрен од таксист.
Поранешниот шампион бил првиот кој притрчал на помош на мојот клиент, изјавил за „Асошиејтед прес„ адвокатот на повредениот мотоциклист, дополнувајќи дека Тајсон им сугерирал на останатите присутни да не го допираат неговиот клиент како не би го повредиле повеќе.
– Челзи мислеше дека во тие моменти халуцинира. Но, откако беше превезен во локалната болница, лекарите му потврдиле дека токму Мајк Тајсон бил човекот кој го тешел во тие моменти, дополнува адвокатот на 29-годишниот мотоциклист.
Откако лекарската екипа го прифатила повредениот Тајсон, неприметно се повлекол од местото на настанот.
Стив Лот, асистентот на боксерот, потврди дека пред неколку дена Тајсон добил корпа со овошје во која била и пораката на благодарност од Челзи, а на која пишувало „Мајк, ти благодарам што се грижеше за мене’’.