Мажите созреваат по 40-та година

Од:

Девојките денес се забавуваат со млади момчиња, но прашање е дали тоа е добра комбинација ако планираа да се мажат, бидејќи мажите сепак созреват подоцна.

Иако звучи како клише и предрасуда, мажите навистина созреваат подоцна и полна емоционална зрелост  не ја доживува се до 40-ти години.

Некои истражувања одат во корист на тврдењето дека мажите генерално се незрели. Едно такво истражување покажува дека припадниците на посилниот пол не ја достигнуваат емоционалната зрелост се до 43-тата година. Жените, од една страна, зрелоста ја доживуваат веќе во 32-тата година, 11 години пред нивните машки врсници.

Само 26 отсто од „Генерацијата 1“, луѓе родени од 1980 година до 2000 година, се оженети.

Според резултатите од истражувањето од 2012 година, 36 отсто од припадниците на „Генерацијата 1“ се уште живеат со своите родители што е резултат на глобално тешката финансиска ситуација. Логично е луѓето да не планираат брак и семејство доколу немаат финансиски услови и сигурност. Студијата исто така, покажува дека мажите се почесто тие кои остануваат дома со родителите, дозволувајќи нивните мајки и понатаму да се грижат за нив. Од мажите 40 проценти не сакаат да се отселат, додека процентот на жени во оваа животна ситуација изнесува 32 отсто.

Десет проценти од мажите повеќе ги плаши можноста дека можат да се оженат со погрешна личноста отколку никогаш да не се оженат и засекогаш да бидат сами.

Жените од друга страна, имаат повеќе доверба во бракот. Жените генерално повеќе им веруваат на мажите, отколку тие на нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска