Нов рекорд на странски туристи во Шпанија

Од:

Шпанија повторно го собори рекордот на посети на странски туристи во август, што на таа земја, во која туризмот е една од главните економски активности и овозможува да ја заклучи успешната летна сезона.

Во август во Шпанија се регистрирани девет милиони странски туристи, што е раст од 8,8 отсто во однос на август минатата година, а истовремено и најголем месечен прилив на туристи, соопшти Министерството за туризам.

Најмногу туристи и натаму доаѓаат од Велика Британија, а следуваат Франзуците и Германците. Тие најмногу ги посетуваат Каталонија, Балеарските Острови и Андалузија, познати по убавите плажи.

За осум месеци во оваа година бројот на странските посетители се зголемил за 7,3 отсто, на 45,4 милиони, што исто така е апсолутен рекорд.

Шпанија е трета најомилена туристичка дестинација во светот, по Франција и САД.

Странските туристи трошеле повеќе пари од порано. Според податоците на Министерството за туризам потрошиле 26,35 милијарди евра во првиот квартал, што е 7,8 отсто повеќе на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска