„Тојота“ подготвува нов компактен кросовер Ц-ХР

Од:

„Тојота“ претстави први фотографии од новиот концепт Ц-ХР што ќе биде премиерно претставен на Саемот на автомобили во Париз, во октомври годинава.

Концептот Ц-ХР претставува најава на дизајнот на сериската изведба на нов кросовер на „Тојота“.

Надворешниот изглед на концептот го карактеризира ниска спортска силуета на купе-кросовер со истакнати тркала, необични ЛЕД предни светла и големо стоп светло во облик на бумеранг на задниот дел.

„Тојота“ не објави повеќе технички детал, а засега се знае дека станува збор за хибриден погонски систем.

Серискиот модел се очекува да има поконвенционален дизајн и да биде дел од семејството на моделот „Аурис“, а се очекува да го добие името „Аурис Крос“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска