Економската состојба на кандидатите за членство во ЕУ

Од:

Република Турција е единствена меѓу државите кандидати и потенцијални кандидати за влез во ЕУ во регионот на Балканот која има константен раст на БДП.

Според податоците на Светска банка, Турција лани имала БДП 10.946 американски долари, што е за 341 долари повеќе од 2011 година.

Инаку, тоа беше година во која и останатите држави кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ, Црна Гора, Србија, Македонија, БиХ, Албанија и Косово, го достигнаа највисокиот БДП во периодот од 2009 до 2013 година.

Црна Гора близу Бугарија

БДП на Турција лани бил поголем за дури 2.320 долари во однос на периодот пред четири години. Оваа земја е единствена меѓу државите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ и во регионот на Балканот кој има поголем БДП од двете членки на ЕУ, Романија и Бугарија.

Така ланскиот БДП на Турција е за 1.447 долари поголем во однос на Романија, која според податоците на Светска банка имала БДП од 9,499 долари. Истовремено БДП на Турција лани бил поголем за дури 3.650 долари во однос на Бугарија. Бугарскиот БДП лани изнесувал 7.296 долари.

Меѓу државите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ и во регионот на Балканот само уште Црна Гора има приближен БДП со Бугарија, но и тој лани бил понизок за 170 долари.

Црна Гора, чиј БДП лани изнесувал 7.126 долари, е помал во однос на 2011 за 127 долари, што значи дека државата се уште не го вратила БДП од пред две години.

Сепак, ланскиот БДП на Црна Гора е поголем за 413 долари во однос на тој од 2009 година, кога изнесувал 6.713 долари.

Слично е и со Србија. И во случајот со оваа земја забележани се варијации во БДП. Имено, ниту Србија лани не успеа да го врати БДП од 2011 година, кога беше на врвот со 6.035 долари. Така БДП на Србија лани изнесувал 5.935 долари, што беше 113 долари помалку од 2011 година. Сепак, БДП на Србија од лани, во однос на 2009 е поголем за 437 долари. Таа година изнесувал 5.498 долари.

И Македонија бележи варијации во висината на БДП. Имено, ни таа земја не успеа лани да го достигне новиот БДП од 2011 година, кога беше на врвот со 4.941 долари. Ланскиот БДП на Македонија така беше помал за 90 долари во однос на 2011 година и изнесувал 4.851 долари. Но, тој за 417 долари бил поголем од 2009 година, кога изнесувал 4.434 долари.

БиХ има најмал раст на БДП

Помали варијации во висината на БДП имаше и Босна и Херцеговина. Ни БиХ лани не успеа да го достигне нивото на БДП од 2011 година, кога бил на врвот со 4.754 долари. Во 2013 година БДП на БиХ имено изнесувал 4.656 долари, што е за 98 долари помалку од пред две години.

Истовремено, БиХ е држава чиј БДП најмалку пораснал во периодот од 2009 до 2013 година и тоа за само 223 долари.

Меѓу државите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ и во регионот на Балканот, само Албанија и Косово забележаа раст на БДП лани во однос на 2011 година кога тој бил на врвот. Тогаш Албанија имала БДП 4.556 долари, а Косово 3.702 долари.

Така БДП на Албанија до 4.652 долари лани бил поголем за 98 долари во однос на пред две години, а 476 долари повеќе од 2009 година. Но, растот на БДП на Албанија лани во однос на 2011 година е поголем пред се од причина што во 2012 година доживеал пад за 150 долари.

Слично е и со Косово. БДП на Косово од 3.816 долари е поголем во однос на пред две години за 114 долари, како и 625 долари во однос на 2009 година. Како и во случајот со Албанија и Косово имаше раст на БДП лани во однос на 2011 пред се од причина што е забележан пад во 2012 година кој изнесувал 135 долари.

Анализата покажува дека во периодот од 2009 до 2013 година меѓу државите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ и во регионот на Балканот, Турција забележала најголем раст на БДП, дури 26,9 отсто, а БиХ најмал само 5 отсто.

Истовремено, по Турција, процентуално најголем раст на БДП имаше Косово 19,6 отсто, па Албанија 11,4 отсто. Останатите држави за тој период имале раст на БДП помал од 10 отсто: Македонија 9,4 отсто, Србија 7,9 отсто, а Црна Гора 6,1 отсто.

Анадолија – Анкара

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ