Неименуван извор за „CBS“ изјави дека Ал Каеда работи на производство на бомби, кои е невозможно да бидат откриени и дека истите треба да бидат поделени на нивни борци, кои ќе ги поставуваат во американските авиони.
Поради тоа на повеќе од 20 меѓународни аеродроми се воведени построги мерки за обезбедување, така што е забрането внесување на лаптоп компјутери и мобилни телефони со испразнети батерии.
Оваа терористичка организација со сите сили се обидува да ја врати репутацијата по убиството на нивниот лидер Осама Бин Ладен, но и за забрзано зајакнување на Исламска држава.
Шефот на Националниот центар против тероризмот Мат Олсен предупреди дека Ал Каеда стационира свои ветерани во Сирија.
-Ветерани на Ал Каеда доаѓаат од Пакистан во Сирија, каде што ја искористуваат хаотичната ситуација во државата-рече Олсен.
Неговите зборови ги потврди и поранешниот заменик директор на ЦИА, Мајк Морел.
-Тие доаѓаат од Пакистан, а се фокусираат на напади на западните држави-изјави тој.
Е. Г.