Русија ја поддржа нацрт-резолуцијата за борба со џихадистите предложена од САД за гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации.
– Текстот на резолуцијата е прифатлив за нас, изјави Илја Рогачов директор во руското Министерство за надворешни работи.
Во резолуцијата, предложена од Вашингтон се бара од страните да спречат врбувања и патувања на странци кои сакаат да се приклучат во редовите на Исламска држава.
САД се надеваат дека 15-члениот Совет за безбедност ќе ја одобри резолуцијата едногласно на 24 септември.