Германскиот велосипедист Јенс Фогт постави нов светски рекорд откако за еден час на велодромот во Швајцарија помина 51,115 километри.
Претходниот рекорд изнесуваше 49,7 километри, поставен во 2005-та година од страна на Ондреј Шошенко, а 43-годишниот Фогт комплетираше преку 200 кругови за да го надмине неговиот претходник за нешто повеќе од еден километар.
-Ова е еден од најголемите успеси во мојата кариера, изјави Фогт кој откри дека по поставувањето на рекордот ќе се повлече од професионалниот велосипедизам.