Припадници на џихадистичката организација Исламска држава денеска објавија видео запис на кој е прикажан британскиот новинар Џон Кантли, кој беше киднапиран во Сирија во ноември 2012 година.
На снимката Кантли се појавува сам облечен во портоклов комбинезон и вели дека се наоѓа во заложништво на групата Исламски џихад.
Кантли соработуваше со весниците „Сандеј Тајмс“ и „Сан“ и со агнецијата Франс прес.